
Дваесет и двегодишна девојка пријавила во полиција дека била физички нападната од својот вонбрачен партнер во семејниот дом во скопската населба Драчево.
Според информациите од МВР, настанот се случил на 27 февруари околу 12 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје истиот ден во 16:30 часот. Напаѓачот е идентификуван како С.С. (22) од Скопје.
По пријавата, полицијата презела мерки за расчистување на случајот и документирање на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.























