
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре (28 јануари 2026 година) без електрична енергија ќе останат делови од Тетово и повеќе тетовски села.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот струја ќе немаат корисниците во селата Челопек (објекти во т.н. Среден Челопек), Беловиште, како и во село Вратница, вклучително и месноста викана Честодубје.
Дополнително, во Тетово е најавен прекин од 09:30 до 13:30 часот за дел од градот, односно објекти во населбата Дреновец во близина на Кипер маркет. Исто така, од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и објекти на улица „29 Ноември“, во близина на тетовската болница.



























