УТРО.мк

Меланија Трамп апелира за мир: Единството е единствениот одговор на кризата во Минесота

Меланија Трамп апелира за мир: Единството е единствениот одговор на кризата во Минесота
Vero

Меланија Трамп упати јавен повик за единство и мирни протести, во обид да се намалат тензиите во Минесота, каде што продолжуваат немирите поврзани со начинот на кој администрацијата се справува со имиграцијата.

Во гостувањето во утринската емисија „Фокс енд Френдс“, таа истакна дека е неопходно граѓаните да останат обединети и да се спротивстават на насилството. Според неа, претседателот Доналд Трамп имал конструктивен разговор со гувернерот и градоначалникот, при што институциите работат координирано за зачувување на јавниот ред и мир.

„Се спротивставувам на насилството. Ако протестираме, тоа мора да биде мирно. Во овие времиња мора да се држиме заедно“, порача Меланија Трамп.

Нејзиниот настап доаѓа по одлуката на претседателот Трамп да го разреши командантот на граничната патрола Грег Бовино и да ја тргне настрана секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, кои се залагаа за поагресивен пристап во државата. Белата куќа е под зголемен притисок по инцидентите во кои загинаа цивили за време на имиграциски операции.

Трамп одби да ги прифати оценките од дел од својата администрација и презеде чекори за стабилизирање на состојбата, вклучително и испраќање на Том Хоман да ги надгледува активностите на терен.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран