УТРО.мк

Уапсен македонски државјанин за тројното убиство кое ја потресе Македонија во 2007 година

Уапсен македонски државјанин за тројното убиство кое ја потресе Македонија во 2007 година
Vero

Државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за тројно убиство во земјава е уапсен во Тирана, Албанија по неколкумесечна интензивна истрага и претрес спроведена од полицијата.

Станува збор за 52-годишниот Бесим Ш., кој долго време се криел во Тирана користејќи фалсификувани лични документи на име на граѓани од Косово.

Апсењето го извршила тамошната Дирекција на силите за специјални операции при Одделот за криминалистичка полиција, како дел од 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативна полиција“, пренесува приштински „Репортери“.

Според наведеното, Б.Ш. е осомничен дека убил тројца граѓани со огнено оружје на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, скопско.

За време на физичкиот претрес и претресот на станот на македонскиот државјанин, албанската полиција пронашла и запленила косовски пасош, лична карта и возачка дозвола – сите фалсификувани.

Поради кривичното дело „Фалсификување исправа“, процесните материјали се проследени до Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана за понатамошна постапка.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ја продолжува постапката за екстрадиција на Б.Ш. во Македонија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран