
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави нов пакет мерки за енергетска трансформација, со кој околу 300 компании ќе бидат поддржани со грантови во вкупен износ од 25 милиони евра.
Мицкоски нагласи дека процесот на енергетска трансформација мора да се одвива внимателно и постепено, за да се избегне штета по индустријата. „Енергетската трансформација е неопходна, но треба да се движиме чекор по чекор. Секој избрзан потег може да има сериозни последици за индустријата и државата“, рече премиерот.
Тој посочи дека постои загриженост дали новите енергетски решенија ќе можат да обезбедат стабилна базна енергија за индустријата на долг рок, што е клучно за одржливоста на производството.
Грантовите, како што најави Мицкоски, ќе бидат достапни преку јавен повик кој наскоро ќе биде објавен, овозможувајќи на компаниите да аплицираат за финансиска поддршка во нивниот процес на зелена трансформација.



























