
Инцидент со сериозни материјални последици се случи на улицата „Љубен Иванов“ во Штип, каде што потпорен ѕид се урна и заврши врз паркирани возила. Според информации од локални медиуми, при уривањето нема повредени лица, но причинета е значителна штета.



























