УТРО.мк

Општина Прилеп ја стартува “Е-даноци“, олеснување за граѓаните

Општина Прилеп ја стартува “Е-даноци“, олеснување за граѓаните
Vero

Општина Прилеп воведе електронски систем за плаќање на даноци и комунални такси, со што граѓаните и компаниите добија можност своите обврски да ги подмируваат онлајн, без физичко присуство во општинските служби.

Преку апликацијата „Е-даноци“, достапна на веб-страницата на општината, даночните обврзници – физички и правни лица – можат брзо и едноставно да го платат данокот на имот и комуналните такси. Од општината велат дека новиот систем особено е корисен за лицата кои поседуваат имот во Прилеп, но не можат лично да ги подмират своите обврски.

Според податоците на Одделението за администрирање на приходи, вкупниот процент на наплата на даноци во 2025 година изнесува 60 проценти, при што наплатени се околу 137 милиони денари по основ на даноци и комунални такси. Иако наплатата бележи раст во однос на претходните години, надлежните посочуваат дека постои значителен износ на ненаплатени средства.

Годишниот приход по основ на данок на имот изнесува над 50 милиони денари за физички лица и над 15 милиони денари за правни лица. Кај комуналната такса – фирмарина, активни се околу 3.500 фирми со годишен приход од 15 милиони денари, од кои досега се наплатени 44 проценти.

Од општината информираат дека ненаплатените средства по основ на комуналната такса изнесуваат над 50 милиони денари, од кои околу 24 милиони денари се резултат на ликвидација или стечај на правни лица. Кај данокот на имот, ненаплатени се околу 60 милиони денари, при што околу 15 милиони денари се застарени побарувања.

Воедно, од Општина Прилеп потсетуваат дека сите физички и правни лица кои имаат промена во имотната состојба, а досега не поднеле даночна пријава, се должни тоа да го направат најдоцна до 31 јануари 2026 година.

Воведувањето на електронската наплата на даноци и комунални такси е дел од напорите на Општина Прилеп да ги модернизира јавните услуги и да ја олесни комуникацијата со граѓаните. Со оваа иницијатива, општината им овозможува на даночните обврзници брзо и безбедно да ги подмируваат своите обврски, без потреба од физичко присуство во службите. Ова ја покажува посветеноста на локалната власт кон транспарентно работење, ефикасност и обезбедување на квалитетни услуги за сите граѓани на Прилеп.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран