Министерството за внатрешни работи информира дека по вооружената престрелка во Тетово, која се случи вчера и во која едно лице го загуби животот, денеска се уапсени три лица.
Од МВР соопштуваат дека при претрес на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, биле пронајдени предмети кои се од интерес за истрагата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сите лица кои учествувале во инцидентот.