УТРО.мк

Детали за престрелката во Тетово

Детали за престрелката во Тетово
Vero

Едно лице загина, а четворица се повредени во вооружена пресметка што денеска, околу 12:30 часот, се случи на крстосницата од улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово. Според полицијата, престрелката се одвивала помеѓу лица од две возила, по што дошло и до сообраќајна несреќа, а потоа учесниците го напуштиле местото.

Едното возило, „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски таблички, било забележано како се движи кон улица „113“. Проверка утврдила дека регистарските таблички се одјавени, а сопственик е 19-годишник од селото Гајре. Второто возило, „Фолксваген Голф“, било пронајдено на крстосницата од улиците „Благоја Тоска“ и „107“, со починато лице внатре, со прострелни рани.

Во Клиничката болница во Тетово биле пренесени три лица, меѓу кои малолетно девојче од Тетово со прострелни повреди, кое е задржано на опсервација. Двајца мажи, на возраст од 34 и 46 години, се пренесени во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Повреден е и 60-годишен пешак, случаен минувач, кој исто така е пренесен во Скопје.

Полицијата спроведува увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот, а за настанот е формиран тим предводен од дежурен јавен обвинител при ОЈО Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран