На 10.08.2025 во 19:30 часот Е.С.(54) од Тетово пријавил дека околу 11:00 часот забележал оштетување од залутан куршум од огнено оружје на предното ветробранско стакло од неговото патничко моторно возило ,,опел корса“ со тетовски регистерски таблици, кое било паркирано од претходниот ден околу 20.00 часот. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.