Нови драматични развои во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани – денеска се приведени 13 лица, меѓу кои и високи полициски службеници!
Според неофицијални информации, меѓу приведените се началник на криминалистичка полиција, сменоводител кој бил на должност во критичната вечер, началникот на ОВР Кочани, началник на економски криминал при ПС Кочани, како и полицаец кој ноќта бил дежурен.
Сите се сомничат за можно прикривање или пропусти во случајот со нелегалната дискотека „Пулс“, во која на 16 март 2025 година животот го загубија 62 млади лица, а речиси 200 беа повредени.
Истражните органи најавуваат дека ќе следуваат и други апсења, а повеќе детали се очекуваат утре. Истрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.