УТРО.мк

ЕКСПЛОЗИИ ГО ОСВЕТЛИЈА НЕБОТО НАД ИЗРАЕЛ: Иран нападна со стотици ракети – „Ништо повеќе не е безбедно“!

ЕКСПЛОЗИИ ГО ОСВЕТЛИЈА НЕБОТО НАД ИЗРАЕЛ: Иран нападна со стотици ракети – „Ништо повеќе не е безбедно“!
Vero

Вечерва цел Израел е под тревога! Сирените за воздушен напад се огласија во повеќе градови, додека небото над Ерусалим и Тел Авив беше осветлено од стотици ирански ракети. Израелската армија потврди: Иран започна масовен напад како одмазда за претходните израелски бомбардирања врз ирански нуклеарни и воени објекти.

Иранската револуционерна гарда објави дека нападнала десетици цели во Израел, најавувајќи дека ова е само почеток на нивната „болна одмазда“. Израелскиот ракетен штит „Железна купола“ се обидува да пресретне проектили, додека експлозии го тресат небото над главните израелски метрополи.

Врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хаменеи, изјави дека Израел започнал војна и дека „ќе плати висока цена“. Израелските власти возвратија со нова рунда напади врз иранска територија, таргетирајќи дополнителни нуклеарни постројки.

Ситуацијата ескалира со невидено темпо – Израел повика десетици илјади резервисти, а од воени извори се најавува дека ова е само почеток на подолга и поразорна кампања. Сите очи се вперени кон Блискиот Исток – дали светот е пред нова војна?

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран