На регионалниот пат Р1402, на делницата помеѓу селата Габрово и Банско, мопедист загина во несреќа, соопштија од СВР Струмица.
Жртвата, К.Д. (63) од село Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од повредите на местото на несреќата починал.
Увид на местото извршил јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција.































