УТРО.мк

Тетовец со 3,94 промили алкохол предизвика сообраќајна незгода и заврши во полиција

Тетовец со 3,94 промили алкохол предизвика сообраќајна незгода и заврши во полиција
Vero

Полицијата во Тетово ноќеска го лишила од слобода 47-годишниот Ј.С. од Тетово, кој управувал возило со неверојатни 3,94 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода.

Инцидентот се случил околу 01:30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, кога возилото „Форд“ со тетовски регистарски таблички, управувано од Ј.С., се судрило со автомобил „Ауди“ со хрватски национални ознаки. Во незгодата била причинета само материјална штета.

При интервенцијата, полициските службеници утврдиле дека возачот е во тешка алкохолизирана состојба – со скоро четири промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобзирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран