СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П. (21) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, како и против М.Р. (20), П.М. (22), Н.П. (21) и К.К. (22), сите од Куманово, за кривично дело „учество во тепачка“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 17 август 2025 година во населбата Карпош во Куманово, кога пријавените со безбол палка физички ги нападнале Л.Ј. и Н.С., нанесувајќи им тешки телесни повреди.
По документирање на случајот, против осомничените е поднесена кривична пријава, а надлежното обвинителство ја продолжува истрагата.































