
Четириесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Чешка, откако два регионални автобуса се судриле директно во близина на градот Знојмо, во јужниот дел на земјата.
Според информациите од спасувачките служби, во несреќата девет лица се здобиле со тешки и умерено тешки повреди, додека околу 30 патници поминале со полесни повреди.
Несреќата се случила на патниот правец меѓу Знојмо и Брно, при суво коловозно платно и сончево време. Засега не е познато што ја предизвикало директната судирка меѓу двата автобуса.
„На местото на несреќата им укажавме помош на 30 лица со полесни повреди и девет лица со потешки повреди. Активиран е план за траума, а болниците се информирани за прием на поголем број пациенти“, изјавила портпаролката на итната медицинска помош Михаела Ботова.
Поради големиот број повредени, биле ангажирани повеќе екипи на спасувачките служби, вклучително и хеликоптери. Австрија понудила помош, но чешките власти процениле дека сопствените ресурси се доволни за справување со ситуацијата.

















