
Контејнер бил опожарен во близина на катната гаража „Смилевски Конгрес“ во Скопје, при што огнот се проширил и зафатил патничко возило.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 јули 2026 година околу 17:25 часот во СВР Скопје.
Од пожарот било оштетено патничко возило марка „Фиат“, сопственост на правно лице. Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

















