УТРО.мк

ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО: Оштетен објект и возила на фирма

ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО: Оштетен објект и возила на фирма
Vero

Во текот на ноќта во Тетово било пукано со огнено оружје кон објект на приватна фирма, при што биле предизвикани материјални оштетувања.

Како што информираат од СВР Тетово, на 17 јули 2026 година во 08:45 часот, А.С. (42) од Тетово пријавил дека непознати сторители пукале кон објектот на неговата фирма.

Увидна екипа на СВР Тетово излегла на местото на настанот, каде што пронашла 11 чаури од испукани куршуми. При увидот било констатирано оштетување на објектот, како и на повеќе возила.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin