
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на автопатот „Милош Велики“, во близина на Лучани, во правец кон Пожега. Според првичните информации, станува збор за верижен судир во кој учествувале најмалку осум возила, меѓу кои и камион, а има и поголем број повредени лица.
Несреќата се случила непосредно пред тунелот „Муњино Брдо“. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на брзата помош, сообраќајната полиција, како и противпожарни и спасувачки служби, кои им укажуваат помош на повредените и ја обезбедуваат локацијата.



























