
Неофицијално, повеќе од десет лица се приведени во рамки на обемната полициска акција што попладнево се спроведува на повеќе локации низ земјава, насочена кон откривање и документирање сериозни случаи на даночно затајување.
Според неофицијални извори, меѓу уапсените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат лекар. Овие информации засега не се официјално потврдени од институциите.
Акцијата е дел од поширока истрага за финансиски криминал, во која се вршат претреси, се прибира документација и се обезбедуваат докази поврзани со сомневања за даночни злоупотреби.



























