
Во своето вечерно обраќање до нацијата, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Киев не претставува пречка за мировниот процес и нагласи дека неговата земја е подготвена за дипломатски решенија.
Зеленски истакна дека во текот на денот имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во кој биле разменети мислења за активностите на дипломатски план со САД.



























