
Премиерот Христијан Мицкоски ги смирува гласините за американските визи, појаснувајќи дека актуелните информации се однесуваат исклучиво на емигрантските визи и не ги засегаат туристите или студентите од Македонија. „Граѓаните кои патуваат за одмор или образование немаат простор за вознемиреност“, рече Мицкоски, истакнувајќи дека ова е многу тесно дефинирана категорија визи.
Тој најави дека во наредните денови се очекуваат позитивни вести за македонските државјани во односите со САД, нагласувајќи дека комуникацијата со стратешките партнери продолжува со полна сила. „Очекувам разврска која ќе биде во интерес на државата и граѓаните“, додаде премиерот.
Во исто време, Мицкоски упати критика до опозицијата, која според него повторно создава непотребни прашања за надворешната политика. Тој посочи дека реакциите поврзани со Обединетото Кралство се пренесуваат и на односите со САД, без оправдување.



























