УТРО.мк

Намален интерес за иселенички визи за САД меѓу македонските граѓани

Намален интерес за иселенички визи за САД меѓу македонските граѓани
Vero

Бројот на иселенички визи за македонските граѓани кои сакаат да се преселат во Соединетите Американски Држави бележи тренд на намалување во последната деценија. Според податоците на Стејт департментот на САД, во 2024 година се издадени 573 иселенички визи, додека во 2023 година бројката изнесувала 522.

За споредба, во 2015 година се издадени 1.318 визи, а во 2016 година 1.354. Најголем број визи во последните десет години биле издадени во 2017 година – 1.421, додека најмалку во 2020 година, само 225, поради ковид-пандемијата. Вкупно, од 2015 до 2024 година, македонските граѓани добиле 8.163 иселенички визи за САД.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски појасни дека одлуката на Стејт департментот за пауза во издавањето на иселенички визи не влијае на другите видови визи, како туристички, студентски или бизнис визи. Тој додаде дека најмал дел од апликациите се за иселенички визи и дека тие најчесто се од повозрасни граѓани.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во наредните денови ќе има позитивни вести за македонските граѓани во однос на визната политика со САД, потенцирајќи дека се работи за долгорочни прашања што Македонија се обидува да ги реши веќе две децении.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран