
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, информира дека досега се пренесени околу 225 милиони евра од вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашните компании преку Развојната банка. Средствата се дел од кредитната линија со субвенционирана каматна стапка од 1,95%, со грејс-период до три години и рок на отплата до 15 години.
„Очекувам целосна реализација на средствата во првиот квартал од оваа година. Заедно со инвестициите на банките во развојни проекти, овие пари го поддржуваат стопанството и економијата, што ја става Македонија на водечката позиција на инвестициската мапа во регионот“, изјави Мицкоски.



























