
Мустафа Хајрулахи, поранешен виш јавен обвинител и адвокат, официјално најави дека ќе се кандидира за Републички јавен обвинител. Во својата изјава на емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, Хајрулахи истакна дека Јавното обвинителство моментално се наоѓа во длабока криза, без јасна хиерархија и одговорност.
„Ќе конкурирам за Републички јавен обвинител, ги исполнувам условите. Се надевам дека ако дојде до мој избор, веќе нема да разговараме за овие прашања“, рече Хајрулахи.
Тој нагласи дека институцијата мора да се прочисти од „десетина обвинители“ кои го нарушуваат угледот на Обвинителството, за сметка на мнозинството вредни и чесни обвинители. Според него, отстранувањето на тие лица би овозможило институцијата да се врати во функционална состојба за шест месеци до една година.



























