
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ненадејно беше погодена од струја додека седеше под пратеничката клупа, додека својот говор го одржуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ.
Во еден миг, Орешковиќ нагло се наведна, а потоа гласно завика, махајќи со раката како да се обидува да се ослободи од електричниот удар. Треската ја забележа заменик-претседателот на Парламентот, Иван Пенава, кој во тој момент претседаваше со седницата. Тој веднаш го прекина говорот на Павиќ: „Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош?“
„Ме фати струја“, одговори Орешковиќ, додека шокот ѝ беше очигледен на лицето.
Пенава продолжи со загрижен тон: „Слушнав. Дали сте добро? Немојте да направите краток спој. Дали ви треба помош?“



























