
Битола – Читател на „Булевар“ утрово ни испрати фотографија која ја отсликува „сообраќајната култура“ на избраните народни претставници во Битола.
На фотографијата се гледа советникот од независната листа „Поинаку“, Иван Чулаковски – Чулакот, кој е сликан непрописно паркиран на една од најпрометните улици во центарот на градот.
Очигледно, советникот имал неодложни обврски – во случајов, да го задоволи апетитот. За да не се мачи со барање на регуларен паркинг, тој го оставил своето возило буквално на тротоарот, на оддалеченост од едвај 50 сантиметри од местото каде што се служи храната.
Се чини дека за советникот важат различни правила, па тој буквално си направил импровизирано „drive-thru“ пред популарното „Рудо Јагне“.



























