УТРО.мк

„Windows е производ со низок квалитет“ – сопственикот на GOG со жестока критика кон Microsoft

„Windows е производ со низок квалитет“ – сопственикот на GOG со жестока критика кон Microsoft
Vero
kompjuter
kompjuter

Во последните месеци, незадоволството од Windows станува сè погласно и потешко за игнорирање. Иако критиките кон оперативниот систем на Microsoft постојат со години, денес тие добиваат нов интензитет – и тоа од причини што многу корисници ги чувствуваат директно на своја кожа.

Во сржта на проблемот е агресивното туркање на вештачката интелигенција, пред сè преку Copilot и новата Copilot+ визија, додека во исто време Windows 11 остава впечаток дека стагнира кога станува збор за основни перформанси, стабилност и практични функции. Наместо „полирање“ на системот, фокусот сè повеќе се префрла на маркетиншки атрактивни AI додатоци кои за многумина се – непотребни.

Ситуацијата дополнително ја влошуваат и строгите хардверски барања на Windows 11. Милиони компјутери, кои и понатаму се сосема функционални, остануваат без официјална поддршка, што корисниците ги става пред непријатен избор: или нов компјутер, или останување на застарен систем. Со појавата на Copilot+ уредите, кои задолжително мора да имаат најнови процесори со „неврален процесор“, оваа поделба станува уште поочигледна.

Кога на сето тоа ќе се додаде и претстојниот крај на поддршката за Windows 10, но и сериозната работа што Valve ја прави со Linux преку Steam и Steam Deck, станува јасно зошто Linux конечно почнува да излегува од својата маргинална позиција. Она што со години важеше за „нишов“ систем за ентузијасти, полека, но сигурно, почнува да се наметнува како реална алтернатива и за обичните корисници.

Во ваквиот контекст, на хоризонтот се појавуваат и критики од луѓе кои не се било кои – туку доаѓаат од самиот гејминг бизнис. Старо-новиот сопственик на GOG, Микал Кочински, заедно со директорот на компанијата Мачеј Голебиевски, отворено зборуваат за своето незадоволство од Windows.

Во изјава за PC Gamer, Кочински не штеди зборови, оценувајќи го Windows како „софтвер и производ со доста низок квалитет“, додавајќи дека е искрено изненаден што ваков производ успеал да опстане толку долго на пазарот. Тој открива дека денес користи macOS, а со Windows доаѓа во контакт главно кога им помага на своите родители околу проблеми со нивните компјутери – искуство кое, според него, само ја потврдува причината зошто сè повеќе луѓе бараат алтернативи во други екосистеми.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран