
Иницијативата „Стоп за Усје“ ја најави својата следна мирна граѓанска блокада, по првиот протест одржан на 26 декември 2025 година, откако, како што велат, нивните барања до надлежните институции останале без одговор. „Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам“, порачуваат активистите во јавниот повик за акцијата, која е закажана за 21 јануари 2026 година во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, на патот кон индустрискиот комплекс Усје.



























