УТРО.мк

Си-ен-ен предупредува: Иран поставува мини во Ормускиот теснец, ризикот за бродовите расте

Си-ен-ен предупредува: Иран поставува мини во Ормускиот теснец, ризикот за бродовите расте
Vero

Иран започнал со поставување морски мини во Ормускиот теснец, објави американската телевизија CNN, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Според нив, поставувањето засега не е масовно, но во последните денови се поставени неколку десетици мини.

Изворите наведуваат дека Иран и натаму во областа држи меѓу 80 и 90 проценти од своите мали чамци и бродови специјализирани за поставување мини. Тоа значи дека иранските сили имаат капацитет за брзо распоредување на стотици мини во овој клучен воден пат.

Контролата над теснецот, според информациите, во голема мера ја има Islamic Revolutionary Guard Corps, заедно со иранската морнарица. Според анализата на Си-ен-ен, тие можат да воспостават таканаречен „коридор на смртта“, со комбинација од пловила за поставување мини, чамци натоварени со експлозив и крајбрежни ракетни батерии.

Од ИРГК претходно предупредија дека секој брод што ќе се обиде да помине низ теснецот може да биде нападнат, а поморскиот канал практично е затворен од почетокот на војната. Поради опасностите за пловидбата, извори за Си-ен-ен ја опишале ситуацијата како „долина на смртта“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран