УТРО.мк

Тешка сообраќајка во Велес

Тешка сообраќајка во Велес
Vero

На 21 јули 2025 година, околу 17:25 часот, во СВР Велес била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Борис Трајковски“ во Велес.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски таблички, управувано од В.А. (60) од Велес, и мопед „томос“, исто така со велешки ознаки, управуван од К.А. (80) од Велес.

Според информациите од полицијата, во сударот тешки телесни повреди добил мотоциклистот, кои биле констатирани во Општата болница Велес.

На местото на несреќата извршен бил увид од страна на увидна екипа на СВР Велес, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран