Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, го потпиша третиот налог за блокирање нелегални онлајн страници за игри на среќа, со што бројката на затворени платформи досега изнесува дури 268.
– Не запираме! Ова е наше ветување кое станува реалност! – порача Андоновски, нагласувајќи дека државата ја засилува борбата против, како што рече, „пандемијата на нелегални приредувачи“ кои профитираат на штета на граѓаните, особено на најмладите и најнезаштитените.
Министерот уште еднаш апелираше до сите кои имаат средства на ваквите страници, итно да ги повлечат. Според него, во подготовка е и нов Закон за игри на среќа кој ќе удри уште посилно по рекламите и лажните прикази на коцкарските компании.
– Ова е системска акција за заштита на граѓаните – додаде Андоновски, најавувајќи дека следуваат нови блокади.