УТРО.мк

МВР со важно известување до граѓаните – никако не правете го ова!

МВР со важно известување до граѓаните – никако не правете го ова!
Vero

Предупредување од МВР за нов вид онлајн измама

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека на социјалните мрежи кружи лажна објава во која се тврди дека одредени компании за техника наводно нудат модерни телефони преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа.

Станува збор за класична интернет-измама со цел прибирање лични податоци или насочување кон сомнителни веб-страници. МВР апелира до граѓаните:

– Да не кликнуваат на линкови во вакви објави
– Да не споделуваат лични информации
– Да не веруваат на тврдења за „скриени понуди“ или „внатрешни извори“

Компаниите за техника не продаваат производи преку тајни страници или неофицијални канали на социјалните мрежи.

Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки. Доколку забележите ваква објава, пријавете ја во најблиската полициска станица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран