УТРО.мк

Американски аналитичар: САД би можеле да се повлечат од Косово

Американски аналитичар: САД би можеле да се повлечат од Косово
Vero

Американскиот универзитетски професор и експерт за политичките прилики на Балканот, Даниел Сервер, изјави дека присуството на американските трупи на Косово можеби нема да трае уште долго, при што Косовските безбедносни сили (КБС) би можеле да преземат значително поголеми одговорности за одржување на безбедноста.

– Косово засега добро се справува, но не знам колку долго САД ќе сакаат да го одржат присуството на своите војници – посочи Сервер, кој предава на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Тој потенцира дека по неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, според која „ескалацијата во Косово – престанала“, се отвора простор за КБС да преземат поголема одговорност.

– Постојат многу поголеми проблеми во светот. Косовските безбедносни сили еден ден, можеби многу наскоро, ќе имаат големи одговорности – нагласи Сервер.

Според него, иако Косово останува приоритет за меѓународните партнери, промената на американските глобални приоритети може да го намали директното воено присуство на САД во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран