УТРО.мк

Охрид: Пронајдено безживотно тело кај хотелски комплекс, полицијата врши увид

Охрид: Пронајдено безживотно тело кај хотелски комплекс, полицијата врши увид
Vero

Вечерва околу 19:50 часот, кај рампата што води кон хотелскиот комплекс „Инекс“ и претседателската вила во Охрид, беше пронајдено безживотно тело на маж, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Местото на настанот е целосно обезбедено со полициски ленти, а екипи од итната медицинска помош и форензичари извршија увид и собирање на траги. Присуството на полицијата и службените лица предизвика големо внимание кај минувачите и гостите во близина.

Засега не се соопштуваат детали за идентитетот на починатиот, ниту за причините за смртта. Од СВР Охрид информираат дека повеќе информации ќе бидат објавени утре, откако ќе заврши увидот и ќе се добијат насоки од надлежното Обвинителство.

Настанот ја вознемири јавноста во Охрид, особено поради чувствителноста на локацијата на која е пронајденото телото – во близина на објект од државно значење.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран