УТРО.мк

Трагедија на планина во Беране: Еден маж загина, друг повреден од удар на гром

Трагедија на планина во Беране: Еден маж загина, друг повреден од удар на гром
Vero

Силен удар на гром усмрти еден маж, а друг го повреди во несреќа што се случи попладнево на планина кај Беране, Црна Гора, објави Радио телевизија Црне Горе (РТЦГ).

Според полицијата, двајцата мажи се засолниле во колиба додека вршеле работа на балирање сено, кога ги затекнала силна бура проследена со дожд, град, ветер и грмотевици. Токму тогаш гром удрил во објектот, при што еден од мажите починал на самото место, а вториот минал со полесни повреди.

„Среќа во несреќа е што немаше повеќе жртви, иако на местото имаше повеќе жители од блиското село“, соопшти полицијата.

Несреќата се случила околу 17 часот, а истрагата е во тек. Метеоролозите предупредуваат на нестабилни временски услови и во наредните денови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран