ОВЕН
Денес се трудите да се докажете – пред себе, но и пред околината. Иако се отвораат можности за нови познанства, личноста што вистински ја посакувате сè уште не се појавува. Внимавајте на синусите.
БИК
Вашиот досегашен труд конечно доаѓа до израз – ќе бидете пофалени и забележани. Во љубовта, можно е важен чекор кон заеднички живот. Здравје: контролирајте ги забите.
БЛИЗНАЦИ
Одредени нови ситуации ве дестабилизираат и ви треба време за адаптација. Во бракот или врската – тензија и разочарување. Здравствени предизвици поврзани со кичмата.
РАК
Пред вас е шанса за професионално докажување. Не се откажувајте од амбициите. Во љубовта, отворено ќе зборувате за иднината. Се чувствувате стабилно и полни со енергија.
ЛАВ
Работите ви одат од рака, но во љубовта можни се недоразбирања. Со трпение, сè ќе се среди. Не заборавајте на хидратацијата.
ДЕВИЦА
Чувствувате дека нешто ве кочи на професионален план. Во врската може да ве изненадат неочекувани настани. Здравствено, без поголеми проблеми.
ВАГА
Мотивирани сте за промени и решени да тргнете по нов пат. Денеска ве очекува познанство со личност што ќе ве освои со директност. Добро се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Добри вести конечно стигнуваат до вас. Започнува комуникација со личност која ви се допаѓа. Зрачите со позитивна енергија.
СТРЕЛЕЦ
Сè ви оди од рака – идеален ден за нови проекти и храбри одлуки. Љубовната сцена оживува со флерт и нови запознавања. Можни уринарни тегоби.
ЈАРЕЦ
Соработниците не ја делат вашата работна етика, што создава напнатост. Во љубовта, симпатијата е повлечена, но не и незаинтересирана. Проблеми со синусите.
ВОДОЛИЈА
Подготвени сте да започнете нешто ново и да му се посветите со цело срце. Во љубовта, се губи старата блискост. Внимавајте на исхраната.
РИБИ
Избегнувајте ризици кои можат да предизвикаат финансиска загуба. Во љубовта, се трудите да допрете до некој кој не се освојува лесно. Проверете ја диоптријата.