Во доцните вечерни часови на 19 јули 2025 година, полицијата приведе 52-годишен маж од Скопје поради пукање со огнено оружје за време на семејна веселба во скопската општина Аеродром.
Според информациите од МВР, околу 20:45 часот било пријавено дека се слушаат истрели од оружје. Полицијата излегла на терен и го затекнала осомничениот во момент на испукување во воздух.
При прегледот, од него биле одземени гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ калибар 9мм, како и гасни куршуми. Од местото на настанот биле подигнати и испукани чаури кои ќе бидат предмет на натамошна постапка.
МВР најави дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицијата повторно апелира да се избегнува употреба на оружје за време на прослави, бидејќи тоа претставува сериозен ризик по безбедноста на граѓаните.