УТРО.мк

Татко обвинет за физички напад врз тригодишната ќерка во Драчево – останува во притвор

Татко обвинет за физички напад врз тригодишната ќерка во Драчево – останува во притвор
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 28-годишниот А.Ѓ. од Драчево, кој на 21 јуни ја нападнал својата тригодишна ќерка во семејниот дом. Обвинителството до Основниот суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворот, поради опасност од бегство и ризик за повторување на кривичното дело.

Инцидентот се случил додека мајката приготвувала храна, а девојчето си играло со своите сестри. Кога се качило на креветот за да земе играчки, таткото почнал да ѝ упатува навреди, а потоа и физички ја нападнал – удирајќи ја со шлаканици по лицето. Од нападот, детето се здобило со набиеници, гребаници и крвни подливи. Освен физичкиот напад, обвинетиот ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека мајката го пријавила насилството истиот ден, во 21:45 часот, по што полициски службеници веднаш го привеле таткото.

Обвинителството најави дека ќе продолжи постапката со цел целосно расчистување на случајот и заштита на жртвата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран