УТРО.мк

Пораст на насилни смртни случаи во 2024: Починале 511 лица, најмногу мажи и жртви на несреќи

Пораст на насилни смртни случаи во 2024: Починале 511 лица, најмногу мажи и жртви на несреќи
Vero

Бројот на лица што починале од насилна смрт во Македонија во 2024 година достигнал 511, што претставува зголемување од 24 проценти во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број, дури 68,1 отсто се мажи, а 31,9 проценти жени. Најголем дел од овие смртни случаи – 78,5 проценти – се резултат на несреќни случаи. Самоубиствата учествуваат со 17,4 проценти, а убиствата со 4,1 проценти од вкупниот број на насилни смртни случаи.

Во рамките на несреќните случаи, најмногу смртни случаи (38 отсто) се должат на други надворешни причини за случајни повреди. Кај самоубиствата, најчеста причина е бесење, странгулација или суфокација (8,8 отсто), додека кај убиствата, најчести се смртните случаи предизвикани со истрел од друго или неозначено огнено оружје (1,6 отсто).

Умрените од насилна смрт сочинуваат 2,5 проценти од вкупниот морталитет во државата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран