УТРО.мк

Струмичанец уапсен поради пукање со пушка врз малолетник

Струмичанец уапсен поради пукање со пушка врз малолетник
Vero

Полицијата уапси 65-годишен жител на селото Банско, струмичко, кој вчера вечер пукал со воздушна пушка и ранил малолетник од Струмица.

Инцидентот се случил на 27 ноември околу 20:30 часот, во близина на домот на осомничениот Б.М. Според пријавата, тој испукал проектил кон малолетникот и го погодил во ногата.

Повредениот веднаш бил префрлен во Општата болница во Струмица, каде што му била укажана медицинска помош. Полицијата ја пронашла и одзела воздушната пушка што била користена во нападот.

Б.М. е приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот е информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство. По целосно документирање на инцидентот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран