Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „нема да биде личноста што ќе го потпише мировниот договор“, тврдејќи дека украинскиот лидер нема легитимитет.
Во објава на својот канал на руската платформа „Макс“, Медведев напиша дека дури и доколку Зеленски продолжи да ја извршува функцијата извесно време, „со сите свои пороци“, тој нема да може да биде страна во потпишување на каков било мировен договор.
Како што пренесува РИА Новости, Медведев упати и дополнителни навреди кон украинскиот претседател, повторувајќи дека Зеленски е „нелегитимен“ и употребувајќи понижувачки квалификации во својата изјава.























