УТРО.мк

Штекли под лупа – Нови детали од судењето на Раде Штекли

Штекли под лупа – Нови детали од судењето на Раде Штекли
Vero

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, судот ќе разгледува психијатриски вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски-Штекли.

Одбраната тврди дека Трајковски страда од растројство со шизофрени карактеристики, има халуцинации и параноидни идеи и не е способен да ја следи судската постапка. Обвинителството, пак, достави вештачење во кое се наведува дека тој е апсихотичен, но способен да учествува во расправата.

Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги повика вештите лица од двете страни за да ги соочи нивните мислења, по што Судот ќе одлучи дали ќе го прифати едното вештачење или ќе наложи ново психијатриско вештачење.

Случајот опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Обвинителството наведува дека групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран