На 16 август 2025 година, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица во Скопје, при што 18-годишник со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.
С.Д. (18) од Скопје се соочува со кривична пријава за „убиство во обид“, додека шестмината со кои се степал се осомничени за „учество во тепачка“.
Како што соопшти СВР Скопје, против А.А. (19) и С.Д. (34) е поднесена пријава за „тешка телесна повреда“, додека осомничени за „учество во тепачка“ се и Д.Д. (32), С.Д. (50), Р.Џ. (21), С.С. (56), А.Д. (25) и А.Д. (27), сите од Скопје.
Случајот е во тек, а полицијата продолжува со прибирање на докази и информации за настанот.