УТРО.мк

Полициска акција во Идризово: Пронајдени бомби и муниција, предлог за притвор

Полициска акција во Идризово: Пронајдени бомби и муниција, предлог за притвор
Vero

Во скопската населба Идризово, полицијата пронајде две рачни бомби модел „М.75“ и педесет куршуми 7,65 мм во дом на 57-годишен маж.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претресот, експлозивната материја била пронајдена во дрвен сандак во дневната соба, а јавниот обвинител поднел предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, поради опасност од бегство или повторување на делото.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран