УТРО.мк

Европа се подготвува: Руте за безбедносните гаранции за Украина

Европа се подготвува: Руте за безбедносните гаранции за Украина
Vero

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека утре во Париз се очекува да се разјасни какви безбедносни гаранции може да ѝ се обезбедат на Украина. Изјавата ја даде за време на заедничката прес-конференција со естонскиот претседател Алар Карис, пренесуваат британските медиуми.

Утре во Париз, Руте ќе разговара за можните гаранции со украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер.

Коалицијата на „подготвените“, составена од Франција, Велика Британија и околу 25 други земји, со месеци разговара за тоа кои земји би можеле воено да ја поддржат Украина и да ја одвратат Русија од повторен напад откако ќе се постигне конечното примирје во конфликтот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран