
Маж од Свети Николе е задржан во притвор поради закани со нож кон мајка му и уништување на дел од покуќнината.
На 05.01.2026 година во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 43-годишникот, по претходна пријава од неговата мајка. Таа пријавила дека во дворот од семејниот дом, тој со остар предмет упатувал закани и оштетил дел од домашната покуќнина, информираат од полицијата.



























