УТРО.мк

Пријавени две исчезнати малолетни лица во Скопје – полицијата трага по 13-годишно и 16-годишно девојче

Пријавени две исчезнати малолетни лица во Скопје – полицијата трага по 13-годишно и 16-годишно девојче
Vero

Две пријави за исчезнати малолетни лица биле поднесени на 12 јули во скопските полициски станици, информира МВР.

Во 20:00 часот, во Полициската станица Гази Баба, Л.Ш. (41) од село Трубарево пријавила дека од домот се оддалечил 13-годишниот Н.С., кој ѝ бил доверен на згрижување. Истата вечер, во 22:00 часот, во Полициското одделение Сарај, М.З. (54) од Скопје пријавил дека од домот во село Чајлане се оддалечила неговата 16-годишна внука С.З.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетниците и расветлување на околностите околу нивното исчезнување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран