УТРО.мк

Пожар во Кумановско опожари куќа, помошни простории и земјоделски насади

Пожар во Кумановско опожари куќа, помошни простории и земјоделски насади
Vero

На 28 јуни 2025 година околу 12:15 часот во село Кокошиње, кумановско, избувнал пожар кој најпрвин го зафатил сувото растително материјал, а потоа се проширил и опожарил куќа и помошни простории, сопственост на Д.Т. (36). Во пожарот биле уништени и сандаци за пчели, кои им припаѓале на А.М. (28), како и ниви со насади, сопственост на Л.С. (59).

Противпожарната единица од Куманово интервенирала и успешно го изгаснала пожарот. Според информации од надлежните, нема пријавени повредени лица. На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово, која ќе ги утврдува причините за избувнувањето на пожарот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран