УТРО.мк

Полициски службеник пријавен за безобѕирно возење и закани по инцидент

Полициски службеник пријавен за безобѕирно возење и закани по инцидент
Vero

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Л.Д. (26) од село Зелениково, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Пријавениот, инаку полициски службеник во Секторот за известување и координација на состојби при МВР, на 21 април 2025 година, на подрачјето на општина Кисела Вода, управувал моторно возило со 1,65 промили алкохол во крвта. При тоа, со поминување на полна линија, го пресекол патот на друго возило, загрозувајќи ја безбедноста на возачот и патниците во него.

По настанатиот судир, Л.Д. запрел, упатувал вербални закани кон другиот возач и удирал по неговото возило.

Покрај кривичната пријава, Одделот поднел и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност поради сериозно прекршување на работната дисциплина.

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе постапи во согласност со законските прописи и ќе го истражи случајот до крај.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран